Background

Фон дер Лајен посочи дека Европа мора да ја забрза испораката на оружје за Украина

Веруваме во слободна и во суверена Украина на нејзиниот пат кон Европската Унија, порача доцна синоќа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во изјава за новинарите што ја придружуваат на нејзиното патувањето во Киев, меѓу кои и известувачот на Европската новинска редакција (ЕНР), чијшто дел е и МИА.

Фон дер Лајен, заедно со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и со 21 еврокомесар, денеска престојува во Киев по повод третата годишнина од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година, со цел да ја изразат непоколебливата поддршка на ЕУ за борбата на земјата за независност и слобода.

– Украина е Европа. Нашето блиско партнерство е од украински, но и од европски интерес – нагласи Фон дер Лајен, додавајќи дека слободна и суверена Украина е во интерес на целиот свет.

- Advertisement -
Ad image

Според неа, Украина има многу иновативна и просперитетна одбранбена индустрија, па соработката во таа сфера ќе ја зајакне отпорноста на Европска Унија која презема поголема одговорност за сопствената безбедност.

Фон дер Лајен најави и дека ЕУ подготвува амбициозен пакет за енергијата, кој треба да ја зголеми енергетската безбедност и на Украина и на Европската Унија.

– Целта е пазарот на електрична енергија на Украина и на Молдавија целосно да се интегрира со нашиот пазар на електрична енергија до крајот на следната година – нагласи претседателката на ЕК.

Таа најави и засилување на казнените санкции на ЕУ кон Русија, додавајќи дека Унијата сепак би можела да отстапи од тие планови ако Москва покаже вистинска волја за постигнување траен мировен договор.

Според Фон дер Лајен, ЕУ ќе се насочи и кон тоа да се затвори „буџетската дупка“ на Украина за целата 2025 година, а паралелно мора да работи и на забрзување на итната испорака на оружје и муниција за земјата.

– Тоа ќе биде суштината на нашата работа во наредните недели. Наскоро ќе презентирам сеопфатен план како да ги зголемиме производството на оружје и одбранбените капацитети на ЕУ. Бенефит од тоа ќе има и Украина – истакна Фон дер Лајен.

Предвидено е за време на денешниот престој во Киев, Фон дер Лајен да им средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, со кого ќе копретседаваат со заедничка седница на Колеџот на комесари на ЕУ и Владата на Украина, посветена на „иднината на Украина како слободна, суверена и европска нација“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation