Фон дер Лајен ја пофали земјата дека добро напредува

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Украина би можела да стане членка на Европската Унија пред 2030 година, доколку продолжи со реформите со истата динамика и квалитет, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на денешната прес-конференција по самитот во Киев по повод 3-годишнината од русјата инвазија.

Фон дер Лајен нагласи дека процесот на проширување на ЕУ се заснова на заслуги и дека пристапувањето мора да биде корисно и за земјата-кандидат и за Унијата.

Таа додаде дека Унијата избегнува да дава точни датуми за членство, за да не создаде нереални очекувања кај другите кандидатки.

– Украина добро напредува и ако продолжи со реформите со оваа брзина и квалитет, можно е да стане членка пред 2030 година – изјави Фон дер Лајен.

Посветеност на ЕУ кон Украина е и ќе остане непоколеблива, бидејќи не е во прашање само правото на Украина да постои како слободна нација, туку и иднината на нашиот европски континент, изјави таа претходно во обраќањето на заедничката седница на Колеџот на комесари и украинската Влада.

– Нашата порака е многу јасна. Ги поддржуваме сите дипломатски напори кои ве вклучуваат вас. Ги поддржуваме преговорите кои водат до праведен и траен мир. И ние ќе го поддржиме мировниот договор што ќе ги земе предвид вашите интерес – им порача Фон дер Лајен на украинските претставници.

Таа додаде дека во исто време подеднакво цврста останува и позицијата на ЕУ кон Москва и ќе продолжи засилувањето на притисокот врз Русија и нејзината воена машина.

– Ќе продолжиме да бараме Русија да одговора за многуте злосторства што ги направи. Нема да ја заборавиме Буча, никогаш нема да го заборавиме Мариупол и многу други злосторства. Украина може да смета на нас. И денес го имате мојот Колеџ овде во Киев со вас. Ќе разговараме за сите чекори што ги преземаме за да ја обликуваме нашата заедничка иднина – додаде Фон дер Лајен.

Според неа, не може да има траен мир без правда и затоа е важно да се постигне решавачки напредок во формирањето на Специјален трибунал за кривичното дело агресија против Украина, пред кој ќе одговара Русија.

- Advertisement -
Ad image

Фон дер Лајен истакна дека во изминативе три години на војна, уништување и бесмислени човечки трагедии, Украина и целиот украински народ покажаа извонредна храброст и неверојатна издржливост.

– Го изразувам нашето најдлабоко и најискрено восхитување. Восхит за тоа како продолжувате да се спротивставувате на нападите на Русија, но и за сето она што го постигнавте во услови на оваа страшна војна и апсолутен хаос. Ние сме длабоко импресионирани од она што го давате со молскавична брзина и сите реформи што веќе ги поминавте, тешки реформи додека водите војна и сите напори што ги преземате за да се приклучите на нашата Унија. Ќе продолжиме да ве поддржуваме на тој пат кон членство во Европската Унија на секој можен начин – рече Фон дер Лајен.

Таа нагласи дека ЕК работи напорно заедно со Украина за отворање преговорите по кластерите во текот на првата половина на 2025 година, но и за обезбедување на пристап на украинските индустриски производи до единствениот европски пазар.

- Advertisement -
Ad image

Фон дер Лајен најави и зајакнување на меѓусебната соработка во сферата на одбраната и одбранбената индустрија, зголемување на енергетска безбедност и поддршка на младите и образованието во Украина.

– Ова за што зборуваме е повеќе од човечки капитал. Ова е народот на Европа кој заедно ја обликува својата заедничка европска иднина – заклучи Фон дер Лајен во обраќањето.

Share This Article