Фокусирана е на помагање на настраданите од пожарите во Калифорнија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Меган Маркл одлучи да го одложи датумот на објавување на нејзиното ново реално шоу на „Нетфликс“, „Со љубов, Меган“, поради шумските пожари што сѐ уште го пустошат нејзиниот роден град Лос Анџелес.

На барање на Меган и со целосна поддршка на стрим-платформата, објавувањето на емисијата е поместено од 15 јануари на 4 март. Калифорнија е особено значајна за војвотката од Сасекс. Таа сега живее во градот Монтесито со нејзиниот сопруг, британскиот принц Хари, и со нивните деца, 5-годишниот принц Арчи и 3-годишната принцеза Лилибет. Нејзината нова серија, „Со љубов, Меган“ (With love, Meghan), раскажува, меѓу другото, и за нејзината љубов и приврзаност кон родната држава.

– Благодарна сум им на моите партнери во „Нетфликс“ што ме поддржаа во одложувањето на емитувањето бидејќи сега сме насочени кон потребите на оние кои беа погодени од шумските пожари во мојата родна држава Калифорнија – изјави Меган.

На 10 јануари, Меган и Хари ја посетија поставата на Светската централна кујна во Пасадена и ѝ помагаа во распоредувањето храна и материјали за преживеаните од пожарот. Подоцна, тие се сретнаа со основачот на СЦК, Хозе Андрес, и ги пофалија тимовите за помош.

Таа, инаку, заедно со својот сопруг, им понуди засолниште на пријателите кои беа принудени да се евакуираат и да се засолнат во нивниот дом во Монтесито. Преку својата „Фондација Арчевел“, тие, како што соопштија за „Пипл“ (People), активно работат на помош и на поддршка на заедницата во оваа криза. Фондацијата нуди поддршка и можности за помош во закрепнувањето на менталното здравје за оние на кои им треба и долгорочна помош.

Share This Article