Финансискиот комитет на словенечкиот парламент донесе две резолуции со кои ќе ѝ предложи на словенечката влада да ја испита можноста за влијание на Хрватската финансиска агенција (ФИНА) како потенцијален индиректен сопственик на Љубљанската берза на пазарот и да ги преземе сите мерки за заштита на националните интереси

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Финансискиот комитет на словенечкиот парламент донесе две резолуции со кои ќе ѝ предложи на словенечката влада да ја испита можноста за влијание на Хрватската финансиска агенција (ФИНА) како потенцијален индиректен сопственик на Љубљанската берза на пазарот и да ги преземе сите мерки за заштита на националните интереси, што би можело да вклучува и класификација на Љубљанската берза како клучна инфраструктура.

Реакцијата доаѓа во моментот кога Словенечката агенција за хартии од вредност (ATVP) треба да донесе одлука за прифаќање на Хрватската финансиска агенција (ФИНА) како сопственик на Загрепска берза да влезе во сопственичката структура на Љубљанска берза во која поседува 100% од уделите.

Претставничката на владејачката коалиција Андреја Керт во Финансискиот комитет на словенечкиот парламент е загрижена дека преземањето на Љубљанската берза од страна на Фина би можело да ги загрози словенечките национални интереси, објави РТВ Словенија.

Таа во изјавата потсети дека Хрватска по распадот на  СФРЈ одбила да ја преземе одговорноста за штедачите на тогашната Љубљанска банка, истовремено блокирајќи ја наплатата на долговите на хрватските компании. Според неа, клучната улога тогаш ја играла ФИНА, која донесувала одлуки во соработка со хрватските власти.

– Утврдуваме дека имаме работа со институција која не ужива одредено ниво на доверба во Словенија – изјави Керт.

Затоа, претставниците на коалицијата предложија усвојување на две резолуции. Двете резолуции беа едногласно усвоени од одборот.

Министерството за финансии изјави дека не смее да се меша во донесувањето одлуки на Словенечката агенција за хартии од вредност, од што додадоа дека во процесот на издавање лиценца за квалификувана акција на берзата, го оценуваат инвеститорот од аспект на соодветност, соодветно искуство и финансиска стабилност. Покрај тоа, тие го разгледуваат и потенцијалното влијание врз надзорот на берзата од страна на ATVP и дали постои какво било сомневање за перење пари или финансирање на тероризам.

Неодамна беше  објавено пазарното спојување на осум берзи во Централна и Југоисточна Европа, и беа потпишани меморандуми за разбирање меѓу берзите и министерствата за финансии на земјите учеснички во процесот. Меѓу нив покрај  Хрватска и Словенија е и Македонија.

Загрепската берза поседува 100% од Љубљанската берза откако во 2015 година откупи 81,01% од уделите на Виенската берза во неа и ги откупи уделите на останатите сопственици. Во август оваа година, хрватската финансиска агенција „Фина“ ја започна постапката за преземање на Загрепската берза, а на почетокот на септември, Хрватската агенција за надзор на финансиски услуги (ХАНФА) го одобри преземањето со образложение дека се консолидира сопственоста на Загрепската берза и се  создаваат еднакви правила за сите учесници во процесот.  Хрватската финансиска агенција (ФИНА) сега 9,99% удел на берзата.

- Advertisement -
Ad image

Македонската комисијата за хартии од вредност неодамна го одобри влегувањето на Фина во сопственичката структура на Македонска берза со ограничување на уделот на 29,98%.

Слична дозвола треба да издаде и Словенечката агенција за хартии од вредност (ATVP).

Share This Article