Трејлерот за новиот документарец за Меланија Трамп предизвика низа реакции на социјалните мрежи уште од неговото објавување.
Филмот, насловен едноставно „Меланија“, ја следи првата дама на САД во деновите пред инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп во јануари 2025 година.
Трејлерот почнува со сцена од Денот на инаугурацијата, каде што Меланија, која е на средината на шестото десетлетие од својот живот, се појавува во темен, тесен фустан и со широка шапка. Гледајќи директно во камерата, сопругата на американскиот претседател, која потекнува од Словенија, вели: – Еве, повторно почнуваме.
Во следниот кадар, Меланија го слуша својот сопруг Доналд додека го вежба својот говор.
– Да бидам миротворец – тоа е моето наследство на коешто сум најгорд – вели тој, на што Меланија додава: Миротворец и обединувач…
Натаму, друг видеоисечок прикажува телефонски разговор меѓу Меланија и Доналд, во којшто американскиот претседател ја прашува: Го гледаше ли тоа? Меланија лежерно одговара: Не го гледав. Ќе го видам на вестите.
Се чини, овој разговор предизвика најмногу коментари во интернет-просторот.
– Трампови се меме над сите мемиња, Мислам дека Доналд Трамп ќе се кандидира за трет мандат само и само конечно да ја импресионира Меланија, Хахаха толку смешно! Се смеев еден час. Навистина – гласат дел од коментарите.
Многумина изразија и позитивни коментари за објавувањето на документарецот.
– Филмот „Меланија“ ветува „ексклузивни снимки од клучни состаноци, приватни разговори и случки што никогаш порано не сте ги виделе – се вели во официјалниот синопсис.
Во описот се наведува дека гледачите ќе бидат сведоци „како Меланија ја планира инаугурацијата, се справува со сложеноста на преселбата во Белата куќа и како го преселува своето семејство.
Според медиумите, првата дама наводно потпишала договор којшто ја уредува дозволата и авторските права околу документарецот, вреден 40 милиони долари. Договорот е склучен со „Амазон“.
Документарниот филм треба да се прикажува во кината ширум светот од 30 јануари 2026 година.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
