Background

Фејсбук по повеќе од 15 години ќе стави крај на една од своите најпрепознатливи функции – копчето „лајк“, но само во неговата надворешна форма

Фејсбук по повеќе од 15 години ќе стави крај на една од своите најпрепознатливи функции – копчето „лајк“, но само во неговата надворешна форма.

Компанијата Мета соопшти дека од 10 февруари 2026 година ќе ги укине сите т.н. социјални плагони — копчињата „лајк“ и „коментар“ што веб-страниците низ светот ги имаа вградено за директна интеракција со Фејсбук.

Со тоа, ерата во која милиони портали им дозволуваа на читателите со еден клик да „лајкнат“ некоја статија ќе стане историја.

- Advertisement -
Ad image

Од Мета објаснуваат дека одлуката доаѓа како дел од процесот на модернизација и расчистување на старите технологии кои речиси веќе не се користат.

Во официјалниот блог на компанијата се наведува дека овие социјални приклучоци биле популарни пред десетина години, но дека денес корисниците споделуваат содржини на други начини – преку мобилни апликации и интегрирани алатки. Технички, старите копчиња ќе исчезнат постепено, без да предизвикаат грешки на страниците што сè уште ги имаат вградено.

Иако веста звучи драматично, важно е да се нагласи дека класичното копче „лајк“ во самата апликација на Фејсбук нема да се укине. Корисниците и натаму ќе можат да лајкнуваат објави, фотографии и видеа во рамките на платформата. Промената се однесува исклучиво на надворешните веб-страници што користат приклучоци за лајкови и коментари.

„Сакаме да ја насочиме енергијата кон развој на нови начини за поврзување, а не кон одржување на застарени алатки“, соопштија од Мета, објаснувајќи дека иднината на комуникацијата е во спојувањето на Фејсбук, Инстаграм и Тредс, а не во старите копчиња кои некогаш беа симбол на дигиталната ера.

Копчето „лајк“ беше воведено во 2009 година и брзо стана културен феномен. Само неколку години подоцна, беше вградено во милиони интернет-страници, а многумина го сметаа за еден од симболите на интернетот од втората деценија на 21 век. Но, со појавата на мобилните апликации и новите начини на комуникација, популарноста на овие приклучоци постепено опадна.

Со укинувањето на копчињата „лајк“ и „коментар“ од веб-страниците, Фејсбук симболично затвора едно поглавје од својата историја. Иако новите генерации корисници веројатно и не се сеќаваат дека некогаш можеше да се „лајкне“ и надвор од самата платформа, за старите интернет-ентузијасти тоа е уште еден знак дека дигиталниот свет брзо ги менува своите симболи.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation