Background

Факултетот Хајделберг ќе биде домаќин на македонско-германска конференција

Научници, експерти, практичари, креатори на политики од регионот и пошироко и професионалци од финансискиот сектор ќе се соберат на едно место за да дебатираат за актуелните случувања и иновативни истражувања во областа на контролингот, на шестата македонско-германска конференција што ќе се одржи на 4 ноември 2025 година на Хајделберг Факултет во Скопје.

Темата на конференцијата, призната како водечки професионален и академски форум, е насловена „Нови техники и концепти за понатамошен развој на перформансите во контролата и во областа на финансиските директори“.

Конференцијата ќе ја отворат проф. д-р Синиша Наумоски, генерален директор на Хајделберг Факултет во Скопјe и проф. д-р Улрих Цајтел, претседател на Бордот на директори на Хајделберг.

- Advertisement -
Ad image

Воведен збор на оваа престижна конференција ќе има д-р Маркус Бренер, раководител на Автоматизација на процеси/претпријатија и управување со податоци од германската консултантска компанија Хорват. Панел дискусијата ќе ја отвори проф. д-р Роналд Глајх, директор на Центарот за управување со перформанси и контрола од Франкфуртската школа за финансии и менаџмент и член на Управниот одбор на Факултетот Хајделберг во Скопјe.

На конференцијата, на која ќе има две предавања и две панел дискусии ќе се говори за новите стандарди во контролингот, искористувањето на потенцијалот на дигитализацијата и вештачката интелигенција преку поедноставување на процесите во CFO-сегментот, како и за помошта при употребата на вештачката интелигенција во процесите на планирање и донесувањето одлуки на финансискиот директор.

Настанот претставува исклучителна можност за длабински дијалог, вмрежување и колаборативно истражување, а сите заинтересирани можат да се пријават за учество на овој линк.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation