Еврозоната, според прелиминарните процени во ноември забележа суфицит од 16,4 милијарди евра во стоковната трговија со другите земји од светот, објави денеска Евростат.
Вредноста на извозот на стоки од еврозоната во светот во ноември 2024 година изнесува 248,3 милијарди евра, што претставува намалување од 1,6% на годишно ниво, додека увозот во исто време е намален за 1% на годишно ниво на 231,9 милијарди евра.
Евростат наведува дека во периодот од јануари до ноември 2024 година еврозоната забележа трговски суфицит од 161,9 милијарди евра, додека во истиот период во 2023 година е забележан многу помал суфицит од 40,9 милијарди евра.
Во ноември, Европската Унија забележа трговски суфицит од 14,3 милијарди евра во стоковната размена, додека во истиот месец од 2023 година е забележан суфицит од 17,2 милијарди евра.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
