Background

Европскиот парламент денеска во рамки на овонеделната сесија во Стразбур ќе гласа за усвојување на Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за земјава за 2023 и 2024 година

Европскиот парламент денеска во рамки на овонеделната сесија во Стразбур ќе гласа за усвојување на Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за земјава за 2023 и 2024 година.

На предлог текстот на извештајот се поднесени вкупно 28 амандмани, меѓу кои и три како заеднички предлог на европратениците Анджеј Халицки во име на Европската народна партија (ЕПП), Кетлин Ван Бремпт во име на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократиите (СД) и Дан Барна во име на либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ), со кои се бара бришење на формулацијата „македонски јазик и идентитет“ од документот.

Денешното гласање следува по синоќешната парламентарна дебата по Извештајот, на која Вајц, кој е известувач на Европарламентот за земјава, порача дека документот дава целосна слика за тоа каде се наоѓа земјата и во него се поздравуваат некои достигнувања, но се бараат и реформи, и се зборува за говорот на омраза, за злосторствата од омраза, за потребата од владеење на правото, борба против корупцијата и не само за усвојување на закони, туку и за резултати што ќе ги почувствуваат граѓаните.

- Advertisement -
Ad image

Вајц истакна дека пред 20 години земјава беше предводник на пристапниот процес кон ЕУ, кој го започна заедно со Словенија.

– Каде е Словенија денес, а што се случи со Северна Македонија? Па, имаше некои пречки на патот. Пречки поврзани со историјата, пречки поврзани со војните од минатиот век, пречки со начинот на градење добри билатерални односи со соседите. Но, добрососедските односи секогаш треба да се градат од двете страни, тоа е многу јасно – додаде Вајц.

Тој нагласи дека иако земјава веќе 20 години е на европскиот пристапен пат и имплементираше доста значаен дел од европското законодавството, таа, иако требаше, се уште формално ги нема започнато преговорите за членство во ЕУ.

Во обраќање на дебатата, еврокомесарката за проширување Марта Кос истакна дека пристапување кон ЕУ е клучен двигател за спроведување на најважните реформи, па затоа е важно земјава да продолжи да напредува во пристапниот процес, пред се со спроведување на уставните измени.

– Владата во Скопје има историска можност и одговорност да направи решавачи чекор кон ЕУ и да го искористи моментумот на проширување што е очигледно постои. Ние продолжуваме да ја поддржуваме Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија – истакна Кос.

Таа нагласи дека со овој Извештај ЕУ дава јасна порака за поддршка на европскиот пат на земјата, но ги наведува и условите кои се потребни за таа да се придвижи напред.

– Сметам на поддршката од овој Дом за да останеме ангажирани. Северна Македонија припаѓа во Европската Унија – додаде Кос.

Во текот на дебатата мнозинството европратеници изразија поддршка за европските аспирации на земјава и за нејзино пристапување кон ЕУ, оценувајќи дека таа покажала вистинска посветеност на напорите за членство, спровела важни реформи и се приближила кон ЕУ.

Тие порачаа дека проширувањето мора да остане процес на заслуги и дека напредокот во пристапувањето кон ЕУ треба да зависи од исполнување на Копенхашките критериуми, како и дека тоа не треба да се поткопува поради историско несогласување и билатерални прашања.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation