Background

Европската Унија со поддршка на суверенитетот на Данска

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Целосна сме солидарни со Данска и со народот на Гренланд, порачаа претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен во идентични објави на Икс, како реакција на изјавата на новоименуваниот американски претставник за Гренланд, Џеф Ландри дека е „почестен што служи за Гренланд да стане дел од САД“.

- Advertisement -
Ad image

– Територијалниот интегритет и суверенитет се фундаментални принципи на меѓународното право. Овие принципи се од суштинско значење не само за Европската Унија, туку и за земјите ширум светот, наведоа Кошта и Фон дер Лајен во објавата.

Според нив, безбедноста во регионот на Арктикот останува клучен приоритет за Европската Унија, која за таа цел се стреми да соработува со сојузниците и партнерите.

Во одвоена реакција, исто така на Икс, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас порача дека Гренланд е автономна територија во составот на Кралството Данска и за сите промени на тој статус можат да одлучат само Гренланѓаните и Данците.

– Очекуваме сите наши партнери да го почитуваат нивниот суверенитет и територијален интегритет и да се придржуваат кон своите меѓународни обврски, загарантирани меѓу другото во Повелбата на Обединетите нации и Северноатлантскиот договор – наведе Калас, изразувајќи притоа солидарност со Данска и Гренланд.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation