Европската Унија на неодредено ја одложи примената на новите системи за за влез/излез (ЕЕС) и на европски систем за информации и овластување за патување (ETIAS).
Со новите правила се опфатени државјаните на 50 земји, меѓу кои се и БиХ, Србија, Косово, Црна Гора и Македонија, кои не треба да имаат виза за влез во земјите на Шенген.
Како причина за новото одложување на системот за влез/излез (ЕЕС) , портпаролот на европската комисија наведе дека „имплементацијата на таков голем ИТ систем е сложена операција и одложувањата не можат целосно да се исклучат“.
-На состанокот на Советот за внатрешни работи во октомври минатата година, Комисијата го информираше Советот дека сè уште не ги добила сите неопходни декларации за подготвеност од земјите-членки. „Затоа Комисијата во декември 2024 година предложи постепено стапување во сила на ЕЕС -изјави тој за српски B92.net.
По усвојувањето и стапувањето во сила на овој предлог, и откако ќе бидат примени сите декларации за подготвеност од земјите-членки, Комисијата ќе одлучи за датумот за постепено започнување на ЕЕС.
– ЕЕС ќе мора да работи со полн капацитет не подоцна од шест месеци по постепеното лансирање – додадоа од Комисијата..
Во однос на воведувањето на европскиот систем за информации и овластување за патување (ETIAS) од комисијата објаснуваат дека тоа ќе биде координирано со постепеното воведување на системот за влез/излез (ЕЕС).
„Ревидираниот план за ETIAS ќе биде дискутиран и договорен меѓу Комисијата, земјите-членки и EU-LISA, во согласност со очекуваниот датум на стапување во сила на EES. Европскиот систем за информации и овластување за патување (ETIAS) се очекува да стане оперативен шест месеци по системот за влез/излез (EES)“, соопшти Европската комисија.