Background

Европската комисија оцени дека не ги исполнуваат безбедносните правила

Европската комисија денеска ја ажурираше Листата на ЕУ за безбедност во воздушниот сообраќај, вклучувајќи ги во неа и сите авиопревозници сертифицирани во Суринам и Танзанија.

Станува збор за Листа на авиокомпании за кои е проценето дека не ги исполнуваат меѓународните безбедносни стандарди, па затоа им се забранува работа на територијата на Европската Унија.

Ваквата одлука е донесена врз основа на идентификуваните „сериозни безбедносни проблеми“ од страна на експертите за безбедност во воздушниот сообраќај на Европската Унија.

- Advertisement -
Ad image

Експертите, како што соопшти ЕК, утврдиле дека властите за цивилно воздухопловство во овие две земји „не се во можност да обезбедат усогласеност со меѓународните безбедносни стандарди за авиопревозниците“.

Идентификуваните проблеми вклучуваат недостиг на квалификуван персонал во авиокомпаниите, неефикасни процеси за надзор во летачките операции и непочитување на меѓународните безбедносни стандарди, како од страна на цивилните воздухопловни власти на двете земји, така и од нивните сертифицирани авиопревозници.

По повод ваквата одлука, еврокомесарот за одржлив транспорт и туризам Апостолос Ѕиѕикостас изјави дека обезбедувањето највисоко ниво на безбедност во воздушниот сообраќај за Европејците и за сите други патници останува врвен приоритет на Европската комисија.

– По детална техничка проценка, Европската комисија ги додаде сите авиопревозници сертифицирани во Суринам и Танзанија на Листата на ЕУ за безбедност во воздушниот сообраќај, поради сериозни недостатоци во националниот надзор на воздухопловството. Ги повикуваме двете земји веднаш да ги решат овие проблеми. Комисијата е подготвена да ги поддржи нивните напори за целосно усогласување со меѓународните безбедносни стандарди – додаде Ѕиѕикостас.

Со вклучувањето на авиопревозници од Суринам и Танзанија, на Листата на ЕУ за безбедност во воздушниот сообраќај сега се наоѓаат вкупно 169 авиокомпании на кои им е забрането да летаат на небото над Унијата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation