Европската Комисија го казни Гугл со 2,95 милијарди евра поради кршење на антимонополските правила – американската компанија ја спречила конкуренцијата на пазарот на рекламни технологии. Казната е изречена и покрај заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе дополнителни тарифи на ЕУ „доколку дискриминира американски компании“.
Американскиот технолошки гигант ги фаворизира своите услуги на штета на конкуренцијата на пазарот на огласувачи и онлајн издавачи, објави ЕК.
– Гугл сега мора да предложи сериозен лек за решавање на своите конфликти на интереси, а ако не го стори тоа, нема да се двоумиме сами да го воведеме. Дигиталните пазари постојат за да им служат на луѓето и мора да се засноваат на доверба и праведност. А кога тоа нема да успее, јавните институции мора да дејствуваат, за да ги спречат доминантните играчи да ја злоупотребуваат својата моќ – изјави извршната потпретседателка на Европската Комисија, Тереза Рибера.
Гугл сега има 60 дена да ја извести Комисијата како планира да го реши овој конфликт на интереси и да ја елиминира злоупотребата.
Денешната казна е помала од казната од 4,34 милијарди евра што извршната власт на ЕУ му ја изрече на Гугл во 2018 година за злоупотреба на доминацијата на Андроид, но е повисока од 2,42 милијарди евра со кои се соочи компанијата во 2017 година, за фаворизирање на својата услуга за споредба на цени.
Tagged as:
95 милијарди евра поради кршење на антимонополските правила – американската компанија ја спречила конкуренцијата на пазарот на рекламни технологии Европската Комисија го казни Гугл со 2
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
