Background

ЕВРОПА НАЈАВИ ПОВИСОКИ ЦАРИНИ ЗА РУСКОТО АЗОТНО ЃУБРИВО

Европската комисија предложи нова регулатива со која се регулира увозот на азотни ѓубрива во ЕУ и има за цел намалување на зависноста од руските ѓубрива и зголемување на нивното производство во рамките на блокот. Но, ваквата идеја наиде на неодобрување од страна на европските земјоделци, кои сметаат дека таа ќе им донесе зголемување на производствените трошоци.

Во 2023 година увозот на азотни ѓубрива во ЕУ од Русија, која е еден од најголемите нивни глобален извозник, достигна 3,6 милиони тони во вкупна вредност од 1,28 милијарди евра, што претставува над 25% од вкупниот увоз во блокот. Во 2024 година Москва воведе даноци за извоз на повеќе производи, меѓу кои и за азотните ѓубрива, но и покрај тоа нивниот увоз во ЕУ забележа раст.

Со предлогот на ЕК, сега се предвидува зголемување на царините за увоз на сите прехранбени и земјоделски производи од Русија и Белорусија за 50%. Сегашните царини за увоз на азотни ѓубрива во ЕУ изнесуваат 315 евра по тон, а за останатите ѓубрива 430 евра по тон.

- Advertisement -
Ad image

По стартот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година, ЕУ воведе серија економски санкции кон Русија, но избегнуваше со нив да бидат опфатени и земјоделските производи, со образложение дека сака „да избегне загрозување на глобалната безбедност на храната“.

Со истото образложение не беа покачени ниту царините за земјоделските производи, но лани во мај под притисок на некои од земјите членки, ЕУ сепак ги зголеми царинските давачки за увоз на житни култури и маслодајни растенија од Русија.

Европските производители на земјоделски ѓубрива, пред се од скандинавските и балтичките земји, инсистираа на воведување царини и за ѓубрива, но останатите држави членки на ЕУ не се согласија со ваквите барања, стравувајќи од зголемување на производствените трошоци за земјоделците, кои и онака беа незадоволни од мерките поврзани со зелената транзиција и организираа протести ширум блокот.

Анализа на Заедничкиот истражувачки центар (ЈРЦ) на Европската комисија посветена на ризици и ранливоста во синџирот на снабдување со храна на ЕУ покажува дека земјоделците сметаат оти зголемувањето на царините за увоз на ѓубрива претставува „голем ризик“ и ќе резултира со дополнителни трошоци за земјоделското производство.

Дополнително како аргумент против зголемување на царините се наведува фактот дека главен пазар за пласман на руските ѓубрива не е европскиот, туку американскиот, така што ваквата мерка би им нанела поголема штета на земјоделците во ЕУ, отколку на Русија.

За да ги намали ваквите стравување, Европската комисија во својот предлог предвидува заштитни мерки, како можноста за привремено суспендирање на царините во случај на пораст на цената на ѓубривата.

Предлог-документот е доставен до Европскиот парламент и Советот на ЕУ, кои сега треба да се произнесат по него и да утврдат единствен став за неговата содржина, пред тој да биде и официјално усвоен.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation