Топ Вести - Слушај сега
„Европа може целосно да го елиминира пушењето – не преку забрани и ограничувања, туку со забрзување на транзицијата кон алтернативните никотински производи“.
Вака се наведува во анализата „Крај на пушењето?“, изработена од Европскиот совет за иновации во политиките (EPIC), со седиште во Брисел.
Во анализата се тврди дека наместо да продолжува неефикасната војна против тутунот, Европа треба да прифати стратегија за намалување на штетата, што ќе ги охрабри пушачите да се префрлат на помалку штетни алтернативи без чад. Според Советот, пазарот веќе вовел иновации, нудејќи помалку штетни алтернативи на цигарите, како што се никотинските ќесички, вејповите и уредите на загревање, но и тие се соочуваат со ограничувања – тие се забранети, отфрлени, идеолошки нападнати или оданочени до заборав.
„Како што Европа се движи напред, разговорот мора да се префрли од прохибиционистичките инстинкти кон стратегиите за намалување на штетата, што се усогласуваат и со целите на јавното здравје и со економската реалност. Навиките на потрошувачите ќе продолжат да се развиваат, а со тоа и индустријата. Прашањето е дали креаторите на политиките ќе се развиваат со нив – или ќе останат заглавени во битка што навистина не можат да ја добијат“, се истакнува во анализата.
Авторите пишуваат дека тутунот не исчезнува, туку е во процес на адаптација и трансформација кон помалку штетни производи, а оваа трансформација треба да биде добредојдена и стимулирана.
„Доколку пушачите се префрлат на овие алтернативи, нивната изложеност на штетни хемикалии значително ќе се намали. Како што пазарот за нови никотински производи расте и технологијата продолжува да се подобрува, овие алтернативи можат да играат клучна улога во забрзувањето на падот на употребата на традиционални цигари, придонесувајќи за целокупно намалување на штетата и поздрави исходи за европското население. Податоците од Евробарометарот покажуваат дека земјите со поголем пад на преваленцата на пушење имаат тенденција да имаат повисоки стапки на употреба на алтернативни производи. На пример, Грција, Чешка и Романија пријавуваат значителен пад на преваленцата на пушење (за 6%, 7% и 2%, соодветно) и имаат едни од највисоките стапки на преваленца на загреан тутун (4%, 3% и 3%, соодветно)“, се истакнува во анализата.
Авторите предупредуваат дека забраните водат до потпросечни резултати на здравствениот фронт, го загрозуваат моторот на економскиот раст и им го отстапуваат правото на европските конкуренти, како што е Кина, која ги преплавува пазарите на ЕУ со опасни производи.
„Еден прагматичен пристап, со поттикнување на научни достигнувања, поттикнување на транзиции кон помалку штетни алтернативи и обезбедување на фер конкуренција, не само што би го заштитил јавното здравје, туку и би ја зацврстил позицијата на Европа како лидер во производството и истражувањето со висока вредност. Наместо да ја отстапува индустријата на странски конкуренти и нелегални пазари, ЕУ има шанса да ги искористи иновациите, осигурувајќи дека економскиот раст е во согласност со здравствените цели“, се додава во анализата.
Во однос на употребата на алтернативните никотински производи за постигнувањето на здравствените цели, преку намалувањето на користење на цигарите, согласни се и хрватски доктори кои учествувале во изработката на Планот на ЕУ за борба против кардиоваскуларни болести.
Еден од нив е професорот од Медицинскиот факултет од Загреб и доктор по јавноздравствена медицина, Огњан Брборовиќ, кој го повика Европскиот Парламент да поддржи воспоставување на достапни програми за откажување од пушење како дел од Планот на ЕУ за кардиоваскуларно здравје, со цел значително да се намали товарот од кардиоваскуларни заболувања и предвремени смртни случаи низ цела ЕУ.
– Во отсуство на соодветен капацитет за конвенционални интервенции за откажување од пушење, пожелно е да се вклучат производи што веќе се на пазарот, а кои јасно ги намалуваат кардиоваскуларните ризици и покрај тоа што се производи на база на никотин. Иако се потребни долгорочни студии за целосно разбирање на кардиоваскуларните ефекти од новите производи на база на никотин, сегашното сфаќање и научните докази сугерираат дека тие не треба да се отфрлаат како помош, барем привремено да се намали товарот од пушењето, туку треба и да се сметаат за потенцијални алатки за намалување на штетата во рамките на сеопфатна стратегија за превенција од кардиоваскуларни заболувања, особено за возрасни пушачи на кои им е тешко или не сакаат да се откажат од употребата на никотин – оценува професорот од Медицинскиот факултет од Загреб и доктор по јавноздравствена медицина Огњан Брборовиќ.
Дебатата во ЕУ е покрената во период кога и домашните власти најавија силни забрани за алтернативните никотински производи, преку нов Закон за заштита од пушење. Со него е предвидена забрана за продажба во Македонија на најголемиот дел од алтернативните производи кои се со вкусови или ароми.
Од друга страна, авторите на анализата посветена на состојбата во Европа, оценуваат дека наместо да се прилагодат на технолошкиот напредок, креаторите на политиките се држат до застарени рамки, ограничувајќи ги алтернативите што можат да понудат побезбеден пат за оние кои продолжуваат да користат никотин преку цигари.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
