Background

Европа може да седи на брегот и да гледа

По сите најави во последните години околу „стратешката автономија“ и геополитичкото влијание на ЕУ, оваа недела и официјално видовме колку навистина Европа е мала на глобалната сцена, се наведува во коментар на бриселскиот портал „Еурактив“ во врска со последните случувања околу Украина.

Според авторот на коментарот, колку е Европа мала станува јасно ако се види кому американскиот претседател Доналд Трамп не му се јави оваа недела: на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на францускиот претседател Емануел Макрон и на германскиот канцелар Олаф Шолц, па дури ни на италијанската премиерка Џорџа Мелони, која наводно „е единствениот голем европски лидер што му се допаѓа“.

„Причината е јасна: тој ниту не мора. Трамп може да склучи договор со (рускиот претседател) Владимир Путин за Украина, со или без остатокот од Европа. Сè што сака од Европејците е да испратат и да платат мировници, што тие неминовно и ќе го направат. Па, зошто воопшто да се мачиме да разговараме за тоа?“, се наведува во коментарот.

- Advertisement -
Ad image

Во текстот се додава дека ова покажува оти нема ништо ново околу зависноста на Европа од американскиот безбедносен чадор, како што впрочем е и „во поголемиот дел од нашите животи“.

„Сепак, никогаш досега Европа не дозволила да биде ставена на поводник од американската администрација и да парадира наоколу како кучка со педигре. Токму тоа се случи за време на настапот на американскиот државен секретар Пит Хегсет во седиштето на НАТО. За само неколку минути, Хегсет ја згасна сета преостаната надеж на Европа дека би можела да има некаква улога во дискусијата за иднината на Украина“, се наведува во текстот.

Според авторот на коментарот, пораката на Хегсет накусо може да се резимира дека нема гаранции за границите на Украина од пред 2014 година, нема членство на земјата во НАТО и нема учество на Алијансата во мировните сили.

„Мировните разговори ќе започнат „веднаш“, според Доналд Трамп. Додека Украина најверојатно ќе биде поканета, Европа најверојатно никаде ќе ја нема. Украина ќе биде „фрлена по реката“, а Европа може да седи на брегот и да гледа. Примамливо е да се каже дека Европа треба да „размисли за своите опции“. Но, тажната реалност е дека ги нема. И сите, особено Трамп и неговите послушници, го знаат тоа“, се заклучува во коментарот на „Еурактив“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation