Европската комисија денес одобри користење на генетски модифицираната соја од увоз како храна за луѓето и животните, но не и нејзино одгледување на територијата на ЕУ, јави дописникот на МИА од Брисел.
Како што соопшти Европската комисија, ваквата одлука е донесена врз основа на научната проценка на Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА) дека употребата на генетски модифицираната соја е безбедна по здравјето.
„Оваа сеопфатна и строга постапка за проценка обезбедува високо ниво на заштита на здравјето на луѓето и животните, како и на животната средина“, се наведува во соопштението.
Со одлуката, која е со важност од 10 години, се предвидува и дека секој производ на база на оваа генетски модифицирана соја ќе мора да биде проверен согласно строгите правила на ЕУ. Комисијата имаше законска обврска да донесе одлука околу ова прашање, откако земјите членки не успеаја да го обезбедат потребното квалификувано мнозинство за усвојување на предложената регулатива за користењето на генетски модифицираната соја.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
