Убавата пејачка и познатиот спортист наводно ги завршуваат подготовките за нивната свадба, која треба да се одржи во јуни. Според американските медиуми, двојката веќе избрала датум и локација, а сега наводно го финализираат списокот на гости, декорациите и деталите за церемонијата.
Наводно, парот ќе го каже судбоносното „Да“ на 13-ти јуни 2026 година на имотот на Тејлор во Роуд Ајленд.
Иако се очекуваше огромен спектакл, извори блиски до парот откриваат дека венчавката ќе биде интимна, со околу 150 гости, но ќе има многу холивудски ѕвезди.
Инаку, луксузната вила на Тејлор во која ќе се одржи церемонија, гледа кон океанот, а целата област ќе биде строго обезбедена за да се зачува приватноста. Гостите кои нема да бидат сместени во вилата, ќе престојуваат во блискиот хотел со пет ѕвезди „Ocean House“.
На венчавката се очекуваат најблиските пријатели на Тејлор: Селена Гомез, Џиџи Хадид, Ема Стоун и Зои Кравиц. Од страната на младоженецот, тука ќе бидат неговиот брат Џејсон Келси, соиграчот Патрик Махоумс и актерот Мајлс Телер.
Иако сè уште се чува во тајност, се шпекулира дека Тејлор ќе носи креација од Вивиен Вествуд или можеби уникатен модел на Оскар де ла Рента. Свадбата ќе биде традиционална, таткото на Тејлор ќе ја придружува до олтарот, а тортата ќе биде во класичен стил на 50-тите години.
Иако имаше и поинакви најави за кои пишувавме, кои вклучуваат подолго патување, сега се навестува дека по венчавката, парот планира краток меден месец на Карибите, бидејќи веќе во јули Тревис мора да се врати на теренот за почетокот на тренинг кампот.
Тејлор, пак, по свадбата планира да се врати во студио и да работи на својот нов албум, но фокусот во моментов ѝ е исклучиво на нејзиниот приватен живот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
