Хрватската пејачка Јелена Розга пред повеќе од една година ја обнови љубовната врска со 11 години помладиот Иван Хуљиќ. Романсата ја криеја од јавноста, но и од семејството на Иван.
Јелена и синот на музичарот Тончи Хуљиќ решија по 10 години да ја обноват емотивната врска и да и дадат уште една шанса на својата љубов, но далеку од очите на јавноста. Тие со месеци ја криеја својата врска од семејството на Иван, а сето тоа, како што пренесуваат хрватските медиуми, поради Вјекослава Хуљиќ, мајката на Иван и сопругата на Тончи.
Наследникот на основачот на групата „Магазин“ најмногу се плашел од реакцијата на мајка си, иако нејзе исклучително ` е драга Јелена, која ја познава со децении. Имено, тврдат упатените, Иван има прекрасен однос со своите родители кои отсекогаш биле полни со разбирање за своите деца, но младиот композитор и текстописец чувствува голема стравопочит кон својата мајка. Не бил сигурен дали Вјекослава ќе го поддржи неговото помирување со Јелена, па поради решил да не кажува за неа на семејството во првите неколку месеци.
Се плашел од можна осуда, пред сè, поради големата разлика во годините, бидејќи Јелена е 11 години постара од него. Тие беа млади кога првпат почнале да се забавуваат, но сега се на возраст кога треба да размислуваат за создавање семејство, па тој се плашел дека таа нема да биде баш благонаклонета кон неговиот избор.
– Друга причина поради која Иван се плашеше беше медиумскиот притисок. Розга е една од најпопуларните пејачки на овие простори, Тончи е исклучително познат, а сестрата на Иван, Хана, е мажена за познатиот Петар Грашо, па мислел дека доколку се дознае врската, приватноста на неговото семејство целосно ќе биде нарушена – изјавил извор блиску до парот.
Меѓутоа, Јелена и Иван, гледајќи дека нивната љубов станува сè посериозна, решиле да му кажат на неговото семејство дека се заедно. Младиот Хуљиќ во отворен и емотивен разговор им признал сè на родителите, а тие веднаш ја прифатиле неговата љубов. Со тоа покажале дека воопшто нема причина да се плашат. Тончи и Вјекослава се грижат за среќата на нивните наследници, а освен тоа, и двајцата ја познаваат Розга од времето кога е примена во групата „Магазин“ и имаат прекрасно мислење за неа.