Еве доказ дека обвинителката постапувала по предметот „Поштенска банка“, оспорен од тимот за надзор чиј член била и таа

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Дали Лиле Стефанова, обвинителка од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ЈОГОКК), го искомпромитирала вонредниот надзор врз работата во скопското Вишо јавно обвинителство, што го извршил тимот назначен од државниот јавен обвинител Љуочо Коцевски?

Во интервјуто за емисијата 360 степени на МТВ, емитувана на 13 јануари, на прашањето на водителот Васко Попетревски за приговорот на обвинителот Хајрулахи за составот на тимот којшто го вршел надзорот и во кој, според Хајрулахи, не смееле да бидат обвинителите Елвин Вели и Лиле Стефанова, бидејќи правеле надзор над предмети по кои тие самите постапувале, Коцевски вели дека тоа не било така:

– Не е вршен надзор на предмети кои што тие ги работеле. Тоа можам одговорно да го тврдам. И самите јавни обвиниотели ги прашав и самите потврдија дека не е вршен надзор над тие предмети – вели државниот обвинител Љупчо Коцевски.

Тоа е овој дел од интервјуто:

Еден од предметите кој бил ставен под лупа на надзорот, според пишувањето на Фокус, но и според признанието на самиот Хајрулахи, е предметот „Поштенска банка“, отворен од поранешното Специјално јавно обвинителство и „тежок“ 8 милиони евра, кој се води под бројот 8 КОК-124/21.

Дали е вистина тврдењето на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски дека обвинителката Лиле Стефанова не постапувала во овој предмет?

Тоа може да се види и од овој записник од едно од поновите судски рочишта на предметот „Поштенска банка“, од 11 април 2022 година:

- Advertisement -
Ad image

Како што може да се види „црно на бело“, на втората страница од Записникот јасно е наведено дека на рочиштето биле присутни „Јавниот обвинител за ГОКК – Лиле Стефанова и Бурим Рустеми“.

- Advertisement -
Ad image

Засегнати во случајот тврдат дека Лиле Стефанова е присутна во предметот од самиот почеток, од 13 октомври 2018 година.

Но, добро би било државниот обвинител Љупчо Коцевски да одговори макар на прашањето што барала обвинителката Стефанова на рочиштето за „Поштенска банка“ на 11 април 2022 година, заедно со својот колега Рустеми.

Што правела Лиле Стефанова на ова рочиште, ако не постапувала по предметот? Дали можеби била на обука? Дали била во својство на посматрач? Или, едноставно, пиела кафе со колегите обвинители и судии?

Зошто државниот обвинител Коцевски одлучно тврди дека Лиле Стефанова, како дел од тимот за вонреден надзор на работата на Вишото јавно обвинителство, не постапувала во предмет кој бил под лупа, кога тоа е очигледна невистина?

Коцевски тврди дека Стефанова така му кажала и тој ѝ поверувал. Дали сега ќе ја праша зошто го излажала?

И конечно, дали суспендираниот обвинител Хајрулахи навистина бил во право кога го оспорил присуството на Лиле Стефанова во тимот за надзор?

Ова се прашања на кои државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски ѝ должи одговор на јавноста. Само, овој пат, без лаги…

Share This Article