Во месноста Табор во Марибор синоќа избувнал пожар до станбена зграда, а пожарот се проширил и на зградата. Пожарникарите им помогнале на неколку лица да излезат од зградата, а жителите на соседните згради исто така биле евакуирани и им била укажана превентивна медицинска помош, објаснуваат од полициската управа во Марибор.
Според првичните информации, причинета е штета од 40.000 евра. Покрај станбената зграда каде што избувна пожарот, оштетени се и две згради во близина.
Полицијата се уште ги истражува околностите на пожарот.