Background

ЕУ планира целосна забрана на увоз на гас од Русија до 2027 година

Европската Унија планира да предложи мерки со кои целосно ќе се забрани увозот на руски гас до крајот на 2027 година, објави Блумберг, повикувајќи се на нацрт-предлогот што Европската комисија треба да го презентира во Стразбур.

Европската комисија планира првиот чекор да го  направи во јуни и да ги забрани сите нови договори за увоз на руски гас, како и постојните спот-аранжмани, кои, според проценките, сочинуваат околу една третина од тековниот увоз на гас од Русија, а оваа мерка би стапила во сила најдоцна до крајот на 2025 година.

Забраната би се однесувала на новите аранжмани, но и на постојните долгорочни договори, кои се правно комплицирани за раскинување бидејќи ги обврзуваат клиентите да плаќаат за гас дури и кога не го земаат.

- Advertisement -
Ad image

Рокот за целосна забрана е крајот на 2027 година, а таа цел е условена од способноста на ЕУ да обезбеди алтернативни извори на течен природен гас – првенствено од САД, Катар, Канада и Африка.

Преговорите со администрацијата на претседателот Доналд Трамп за повеќе испораки на американски течен природен гас се дел од поширок трговски пакет, се вели во истиот извештај.

Уделот на рускиот гас во вкупниот увоз на оваа енергија во Европската Унија се намали за повеќе од 40% пред војната во Украина на околу 19% минатата година, но целосното прекинување на увозот од Русија сè уште е тешко да се спроведе.

Посебен предизвик е растот на испораките на течен природен гас (LNG) од Русија, кои, откако „Гаспром“ драстично го намали протокот низ гасоводите, достигнаа рекордни нивоа.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation