Руските власти денеска им препорачаа на локалните жители и посетителите на регионот на Камчатка „да се воздржат од патување и пешачење во близина на вулканите во радиус од 10 км од нивните врвови“, откако беше објавено дека пет вулкани на Камчатка се моментно активни – Кључевскаја, Шивелуч, Каримски, Безимењ, Камбални, пренесува Интерфакс.
Во изминатите 24 часа, на Камчатка се регистрирани 22 силни земјотреси.
Регионот останува под зголемен сеизмички мониторинг, но досега нема пријавени жртви.
На 30 јули, најсилниот земјотрес во целиот период на набљудување се случи покрај брегот на Камчатка – неговата магнитуда достигна 8,8 степени според Рихтеровата скала, по што беа регистрирани низа последователни потреси.
Рускиот Оддел за хидрометеорологија и мониторинг на животната средина регистрираше цунами бран со висина до четири метри во регионот.
Tagged as:
Еруптира вулкан на Камчатка
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
