Блок 1 од РЕК Битола е привремено исклучен од електроенергетската мрежа. Според информацијата од АД ЕСМ, исклучувањето е од превентивен карактер.
– Имено, во услови на енормна влага кај депонираниот јаглен поради интезивните снежни врнежи, потребната моќност на термоблоковите може да се постигне само со користење на огромни количини на мазут – што може да доведе до нарушена работа на котелот- велат од ЕСМ.
Отаму додаваат дека застојот да не биде подолг од неколку денови со оглед дека се очекува стабилизација на времето и со тоа и подобрување на квалитетот на јагленот.
Во моментов РЕК Битола работи само со третиот блок, бидејќи сега првите два не произведуваат електрична енергија.
Оттаму додаваат дека ќе продолжи производството од ТЕ Битола 3, ЕСМ Енергетика – Когел, расположливиот хидропотенцијал и ветерниот парк Богданци, во согласност со потребите на Универзалниот снабдувач.