Eксплозија на електричен автомобил затвори неколку терминали на аеродромот Хитроу во Лондон, пишува Мирор. Веста ја објавија повеќе британски медиуми. Автомобилот екплодирал во понеделникот наутро во тунел кој ги поврзува терминалите.
Пристапот до терминалите 2 и 3 е делумно ограничен, а на патниците им се препорачува да остават повеќе време за пристигнување на аеродромот, како и да користат јавен превоз секаде каде што е можно, објави управата на аеродромот на социјалната мрежа Икс.
Возилото наводно било целосно уништено, а нема информации за повредени. Пожарникарите соопштија дека пожарот бил изгаснат околу 3 и 45 часот. Поради ова се одложени неколку летови.
Во меѓувреме, во Германија над 510.000 патници не можат да ги остварат летовитепоради штрајк на 10 аеродроми. Синдикалците бараат зголемување на платите за 8 отсто и најмалку 350 евра повеќе месечна заработувачка, повисоки бонуси за работа во периоди на притисок и дополнителни три дена отсуство.
EPA-EFE/Neil Hall