Во текот на настапот на Lucca Summer Festival во Италија, Џенифер Лопез не само што ја „разгоре“ атмосферата со својот сценски настап, туку и без срам проговори за својата секс-стилистика. Таа не внимаваше ни на зборовите, па зборуваше и за „романтичен“ и за „брз“, но и за „тврд“ секс. Овие нејзини зборови беа придружени со громогласен аплауз од публиката.
– Понекогаш сакам тврдо – рече таа.
По кратката смеа и реакцијата на публиката, таа продолжи:
– Во други денови ми треба романтика – свеќи, тивка музика, полека. Но, понекогаш, можеби поради летото, можеби поради новото чувство што ме обзема, ми се сака да е палаво и брзо.
Пејачката најави нова песна со наслов „Up All Night“, која се разбира и како експлицитна порака до нејзиниот поранешен сопруг Бен Афлек. Во текстот има и вакво нешто:„Јас сум будна цела ноќ, танцувам на нечија песна, го живеам најдоброто од мојот живот… Престана да ме кршиш. Гледај ме сега…“
Добро упатени извори велат дека Џенифер Лопез веќе снимила песни за цел албум инспириран од „вистинските драми“ со Афлек.
Телевизиската коментаторка Мегин Кели го опиша настапот на Џеј Ло како настап на ѕвезда од меки порно филмови.
Се чини дека Џенифер Лопез, која утре (24 јули) ќе го прослави својот 56-ти роденден, е во фаза на уживање во својата моќ, сексуалната слобода и независноста. На сцената, таа се отвора до најинтимните моменти и испраќа јасна порака – не се враќам назад.
Џеј Ло е родена во 1969 година и утре ќе наполни 56 години. Според последните информации, подготвува гурманско‑луксузни прослави, најверојатно на Медитеранот или во некоја вила со пет ѕвезди, опкружена со блиски пријатели – сѐ во знакот на нејзината „новоформирана среќа и нов почеток“ по разводот со Бен Афлек.