Охрид 11-09.2026 .Додека обвинителството конечно започна постапка за дивата депонија Вардариште, таа претставува само врв на ледениот брег во системската криза со управување со отпад во Северна Македонија. Веќе повеќе од 20 години, организирани групи неказнето водат црн бизнис со отпад, создаваат диви депонии каде што редовно избиваат пожари, а властите од сите политички провениенции молчат.
Депонијата „Буково” крај истоименото место кај Охрид претставува парадигма на проблемот. Веќе повеќе од две децении, определени групи од Охрид и Ресен си тераат бизнис на црно на оваа локација, а според локалните извори, никому со години влакно не му паѓа од глава.
Методот е едноставен и профитабилен: откако ќе се собере пластиката, се пристапува кон намерно палење на депонијата. Со горењето излегуваат на површина металите, кои потоа се собираат во бали заедно со ПЕТ пластиката и се транспортираат до претпријатијата што работат со отпад.
Истата слика се повторува низ скоро сите депонии во Северна Македонија. На секоја локација се наоѓаат цели населби од ромско население со шатори, кои работат за определени “газди”. Во секој град тоа е јавна тајна, но властите упорно молчат.
Резултатите се катастрофални за јавното здравје: при опожарување на депонијата Буково, цел Охрид се обвиткува во густ чад и смрдеа, додека се чека господ со врнежите од дожд да ја заврши работата на гаснење.
Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика:
По цела земјата постојат околу 1.000 илегални депонии, чиј број постојано варира зависно од тоа дали локалните општини ги чистат, но и колку “напор” вложуваат граѓаните во создавање нови локации за илегално фрлање отпад.
Европската комисија константно ја критикува Македонија за катастрофалното управување со отпад. Во последниот извештај за Северна Македонија од 2024 година, Европската комисија критикуваше дека законите за управување со отпад сè уште не се донесени, а имплементацијата на интегриран регионален систем за управување со отпад во регионот на земјата се одложува.
Години наназад се планира изградба на регионални депонии, но ниту една не започна да се гради.
Покрај локалните проблеми, истражувачките извештаи покажуваат дека илегален отпад сè уште се увезува во Македонија, и покрај владината забрана по донесувањето на законот што го спречува користењето отпад за генерирање енергија.
Според извештајот на “Фокус”, илегалниот отпад продолжува да се испорачува од Италија, но прво се процесира во Албанија и Бугарија пред да влезе во Македонија.
Властите од било која политичка провениенција не сакаат да стават крај на оваа појава. На некој начин го купуваат социјалниот мир, дозволувајќи илегалните активности да продолжат неказнето.
Овој пристап има драматични последици:
Случајот со Вардариште е само почеток. За да се реши оваа криза, потребни се:
Молчењето повеќе не е опција. Граѓаните заслужуваат да знаат зошто се трпи овој еколошки тероризам и кога конечно ќе се стави крај на црниот бизнис што ги труе нивните семејства.
Сашо Денесовски
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
