
Природата се буди, семињата никнуваат, тревата ја добива онаа впечатлива зелена боја, цвеќињата цветаат во своето изобилство од бои, а дрвјата полека, но сигурно ја кројат својата крошна

Нашите екипи на терен на многу локации за хортикултурно средување на зелените површини: се косат тревниците, се садат нови дрвја во градски парк и ул.,,7-ми Ноември”, се спроведуваат припремени активности за садење на трева на ул.,,7-ми Ноември”, хортикултурно одржување кај црквата Св. Никола во с.Љубаништа и околу детското игралиште во с. Рача.