Од раните утрински часови на терен за нормализирање на состојбата по вчерашниот снег��️
❄️Екипите на Ј.П.,,Охридски Комуналец” од утринските часови на терен за ублажување на последиците и нормализирање на состојбата по вчерашните снежни врнежи и минусни ноќни температури
❄️За непречено движење на пешаците се чистат и посипуваат со абразивни средства најфреквентните јавни површини како и локациите околу објектите од витално значење: градинки и други образовни институции, здравствените објекти, општествени институции, пешачки премини, чаршијата, уличките во стариот дел од градот, Мостот на желбите, тротоари, и.т.н.
❄️Во текот на денот ќе се продолжи со овие активности и ќе се опфати и поширокото градско подрачје
❄️Со специјална механизација се интервенира и по коловозите, а посебен акцент се става на повисоките места во градот и приградските населби
❄️Екипите на Паркови и зеленило имаат полни раце работа заради влажниот снег кој предизвика големи проблеми и оштетувања на дрвја и гранки на повеќе локации
ФБ страна на ЈП Охридски Комуналец: https://www.facebook.com/ohridskikomunalec