Деновиве во едукативна посета на Белчишко Блато и центарот за посетители на Белчишкото Блато во село Белчишта, посетители ни беа гостите од од Турција во рамките на Еразмус програмата каде им беа презентирани дел од етнолошкото и природното богатство на општина Дебрца.Посетата беше организирана од страна на здружението ,,Екотуризам “ од Охрид во соработка со Младински Центар Охрид.
Воедно се одржа и Едукативна посета на Белчишко Блато и центарот за посетители, со учениците од ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид и РЦСОО “Ванчо Питошески”- Охрид, со цел јакнење на свеста на младите за значењето на блатните екосистеми и биолошката разновидност во нашето опкружување. Борбата против климатските промени е прашање на нашиот опстанок, а Зелената агенда е начин да се спроведе и да се приспособиме на променетите климатски услови. Зелената агенда за Западен Балкан се состои од 5 столба: 1) Декарбонизација: климатска акција, зелена енергија и одржлив транспорт 2) Циркуларна економија 3) Борба против загадувањето 4) Одржливо производство на храна и одржливи рурални средини и 5) Биодиверзитет: Заштита и реставрација на природата и екосистемите.
Посетата се одржа во рамки на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелената Агенда за Западен Балкан на локално ниво“, имплементиран од Центар за климатски промени и партнерските организации Eco-Green Movement, Berovo, Регионално географско друштво „ГЕОСФЕРА“ – Битола, Екотуризам Охрид / Ecotourism Ohrid Младинска организација Креактив, Foundation for Local and IT Development- Gevgelija, National Roma Centrum и Eco Action Tetovo, а е финансиран од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas