Едно овошје помага во борбата против високиот крвен притисок и воспалението

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Новото истражување спроведено во Велика Британија открива дека екстрактот од калинка може значително да придонесе за здравјето на срцето, особено кај постарите возрасни лица. Студијата објавена во списанието Nutrients сугерира дека ова овошје може да го намали крвниот притисок и воспалението, со што го забавува стареењето и го намалува ризикот од проблеми со срцето.

Научниците истакнаа дека екстрактот од калинка може да биде едноставно и достапно решение за промовирање на здравото стареење. „Забележавме намалување на воспалителните маркери и крвниот притисок кај испитаниците, што е особено важно за луѓето постари од 55 години“, велат истражувачите.

Во студијата учествувале 86 здрави индивидуи со различни нивоа на воспалителни маркери и фактори на ризик за кардиоваскуларни болести, како што се висок холестерол или крвен притисок. Учесниците беа поделени во две групи: едната добиваше плацебо, додека другата земаше две капсули екстракт од калинка дневно, што изнесуваше околу 740 милиграми дневно.

По 12 недели, 76 учесници ја завршија студијата. Оние кои земале екстракт од калинка доживеале значително намалување на крвниот притисок, во просек од 3 до 5,2 mm Hg. Иако ова можеби не изгледа како голема промена, експертите забележуваат дека намалувањето на крвниот притисок за 5 mm Hg може да го намали ризикот од сериозни срцеви настани за дури 10%.

Калинката е богата со полифеноли, соединенија познати по нивните антиоксидантни и антиинфламаторни својства. Овие соединенија ги штитат клетките од оштетување предизвикано од секојдневниот стрес, а со тоа го забавуваат процесот на стареење. Освен тоа, калинката е еколошки плод бидејќи растението бара малку вода, се прилагодува на различни почви и има низок јаглероден отпечаток.

Иако резултатите се ветувачки, научниците предупредуваат дека се потребни дополнителни истражувања за да се потврди врската помеѓу екстрактот од калинка и здравјето на срцето, особено поради ограничениот број на учесници во оваа студија. Сепак, овие наоди сугерираат можност за воведување нови препораки за постарите лица со висок крвен притисок, вклучително и промени во животниот стил.

Share This Article