Едно лице е убиено, а четворица се повредени во напад со нож на автобуска постојка во близина на трговски центар во израелскиот град Хаифа. Израелското разузнавање Шин-Бет го истражува случајот.
Нападот се случил во близина на трговскиот центар „Лев Хамифрац“, соопшти израелската служба за итни случаи. Повредените се пренесени во болницата „Рамбам“.
Израелската државна телевизија „Кан“ објави дека чувар го неутрализирал напаѓачот на местото на настанот.