Еднаш избегал, Судот верува дека нема пак, зашто дал имот од 600.000 евра како гаранција

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Апелацискиот суд Скопје ја анонимизираше одлуката со која викендов го ослободи од притвор Валмир Етеми, кој првообвинет за трговија со дрога и оружје и кој веќе еднаш беше избеган од органите на прогонот, уапсен во странство и екстрадиран во Македонија.

Според првичните инфорации, Апелација го пуштила Етеми од притвор затоа што како гаранција дека нема да избега дал недвижен имот во вредност од 600.000 евра.

Најмногу 24 часа по анонимизирањето, Судот ќе ја објави одлуката и образложението врз основа на кои факти и аргументи судечкиот совет одлучил да ослободи од притвор првообвинет организатор на криминална група и тоа во време кога судењето за предметот во кој е обвнет е при крај.

На укинувањето на притворот викендов остро реагираше Основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

„ОЈО ГОКК ја нема примено одлуката на Апелацискиот суд Скопје, кој во текот на вчерашниот ден, решавајќи по жалба на мерка притвор на првообвинет во предмет на ова обвинителство донел решение со кое истиот е пуштен на слобода со понудената гаранција и му се определени мерки на претпазливост. Иако Обвинителството не ги коментира судските одлуки, особено на Апелацискиот суд на кои нема право на жалба, истакнува дека во конкретниот случај мислењето на надлежниот јавен обвинител континуирано беше негативно по однос на замена на мерката притвор“, реагираше ОЈО ГОКК.

Обвинетиот, додава ОЈО ГОКК, е организатор на повеќечлена криминална група од охридско-струшкиот регион која подолг временски период се занимавала со неовластено набавување и продажба на наркотична дрога и на оружје.

„За време на акцијата што беше спроведена во ноември 2023 година успеа да избега и по него беше распишана национална и меѓународна потерница. Истиот подоцна е фатен на аеродромот во Тирана и е екстрадиран, по што истражната постапката за него продолжи, а тој се наоѓаше во притвор. Притворот во неколку наврати е продолжуван од Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје и покрај понудените гараанции за замена на притворот со поблага мерка“, додаваат од ОЈО ГОКК.

Оттаму информираат и деја денеска Кривичниот суд требало даја продолжи мерката притвор, но во петокот скопска апелација, постапувајќи по жалба за претходното продолжување ја прифатила гаранцијата.

„Апелација го пушти на слобода без притоа да ги земе предвид околностите дека обвинетиот е првообвинет во предметот, дека истиот беше во бегство и е екстрадиран од друга држава со купена карта во еден правец и дека предметот е во судска постапка која е скоро пред завршни зборови.
Обвинителството, кое во овој случај секогаш укажуваше на погоренаведените околности и врз основа на истите даваше негативно мислење за сите обвинети, почитувајќи го слободното судско убедување не реагираше кога во овој предмет беше ослободен со гаранција обвинет кој е на маргините на хиерархијата. Останатите обвинети за кои сè уште се води судска постапка, како и оние кои признаа вина и имаат пресуди, до правосилноста на пресудите им е определена мерка притвор продолжувана и потврдувана од страна на Апелациониот суд- Скопје“, реагираше ОЈО за организиран криминал и корупција.

- Advertisement -
Ad image

Валмир Етеми е обвинет како организатор на криминална група за трговија со дрога и оружје во охридско-струшкиот регион. Тој избега од полицијата во акцијата во 2023 година во Струга во која беа уапсени 19 лица од организираната група. Албанските медиуми на крајот на јануари лани објавија дека 32 годишниот Етеми од Струга кого Македонија го бараше преку Интерпол е приведен на аеродором во Тирана пред да фати лет за Базел, Швајцарија. По апсењето следеше екстрадиција, оа судење, а тој е во притвор од мај 2024 година.

Според законот, притворот со гаранација може да се укине само ако нема опасност од бегство, од повторување на делото или од сторување ново дело. Кога е прифатено ослободување со гаранција во недвижен имот, судската одлука стапува на сила во моментот кога понудената гаранција за имотот ќе биде впишана во Катастарот на недвижностите.

Дали мерките за претпазливост и одземањето на пасошот ќе бидат доволни да го задржат обвинетитот криминалец да го дочека крајот на судењето и дали ако поворно избега некој ќе понесе одговорност, останува да се види.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article