Еден тинејџер е прободен и е пренесен во болница по пресметка на две групи малолетници вчера претпладне во близина на хотел „Карпош“.
Учениците прво се скарале, а потоа и се степале, при што еден е прободен со остар предмет. Повредениот е пренесен во ГОБ „8 Септември“, каде што му е укажана лекарска помош.