Еден осомничен за убиството во Чашка, полицијата трага по вториот соучесник

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Велешанецот Ѓело Ѓошев е убиен на 5 ноември во близина на земјениот пат од Чашка кон селото Бусилци, во местото викано Поројница. Според истрагата, осомничениот за убиството најпрво го намамил Ѓошев и со автомобил го однел до локацијата, каде заедно со друго лице, кое сè уште не е идентификувано, пукале во него со огнено оружје.

Ѓошев бил погоден во главата и починал на самото место од прострелна рана во черепот.

Од Обвинителството во Велес велат дека доказите покажуваат јасна намера за ликвидација и обид на сторителот да ги прикрие трагите по извршеното злосторство.

– Осомничениот бил соизвршител во убиството и презел конкретни дејства за да ја прикрие својата вмешаност и да влијае врз текот на постапката – изјавија од Основното јавно обвинителство Велес.

Истражните органи откриле и дека осомничениот веќе бил сторител на разбојништво, што, според обвинителството, го зголемува ризикот да го повтори делото.

– Со оглед на тежината на делото и неговото минато, јавниот обвинител предложи мерка притвор, поради опасност од бегство и можност за влијание врз сведоците – додаваат од ОЈО Велес.

Во меѓувреме, МВР по наредба на обвинителството интензивно работи на идентификување на вториот соизвршител и на утврдување на точните мотиви за убиството.

Share This Article