Русија изврши голем воздушен напад врз Украина, при што загинаа девет лица, а беа повредени повеќе од 70, меѓу кои и деца, јавуваат странските агенции. Тоа е еден од најсмртоносните напади врз главниот град на Украина во тригодишната војна. Украинскиот претседател Володимир Зеленски откажа дел од посетата на Јужна Африка поради нападот и предвреме се враќа во Украина.
Русија во текот на ноќта изврши голем воздушен напад врз Украина. Според последните податоци, девет лица загинале, а повеќе од 70 се повредени, меѓу кои и шест деца, пренесува Ројтерс.
Тоа е еден од најсмртоносните напади врз главниот град на Украина во тригодишната војна. Украинскиот претседател Володимир Зеленски откажа дел од посетата на Јужна Африка поради нападот. Тој ќе се сретне со јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса, кој се залага за прекин на огнот во Европа. Сепак, Зеленски го откажа учеството на други настани во земјата, бидејќи предвреме ќе се врати во Украина, јавува Би-Би-Си.
Комбинираниот напад со проектили и дронови предизвика пожари низ главниот град, многу згради се уништени, а спасувачите во моментов се обидуваат да ги спасат луѓет
Во нападот беа зафатени пет градски квартови, каде што избувнаа пожари во гаражи и административни згради, кои пожарникарите веќе ги изгаснаа.
Оштетени се и станбени згради, пренесува Гардијан. Штети се пријавени од пет реони. Според Ројтерс, најсериозна штета има во западниот кварт Свјатошински, каде еден од станбените блокови е целосно уништен.
Киев последен пат беше цел на ракетен напад на почетокот на април, во кој беа повредени најмалку три лица. Од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, главниот град е цел на повремени напади.
Мета бил и градот Харков во источна Украина, при што го погодиле седум проектили, според градоначалникот на градот, Игор Терехов. Најмалку две лица се повредени во нападите, а штетата се уште се проценува, рече градоначалникот, апелирајќи до жителите да бидат внимателни. Според украинските власти, Русија извршила напади и врз други градови.