Background

Двотретинско мнозинство е потребно за да се прифати Законот за прекршоци

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски очекува поддршка од пратениците за измените на Законот за прекршоци и на Кривичниот законик, коишто се последните од пакетот законски измени за официјалната примена на системот „Безбеден град“, што од почетокот на месецов е во пробна функција.

- Advertisement -
Ad image

Тошковски синоќа во гостување на ТВ Канал 5 рече дека останува најавата за официјален старт на „Безбеден град“ од 1 февруари, но треба да помине за уште два закона, односно да се изменат Законот за прекршоци и Кривичниот законик.

– За измените на Законот за прекршоци, којшто е во втора фаза во Собранието потребно е двотретинско мнозинство, а за Кривичниот законик просто мнозинство. Се надевам дека сериозноста на ова ќе биде препознаена од сите пратеници и ќе дадат поддршка за да може да почне примена на овој круцијален проект  рече Тошковски.

Тој потврди дека примената на системот ќе се пролонгира доколку Собранието не даде поддршка на Законот за прекршоци.

– Верувам дека овој закон би требало да го поддржат сите пратеници. Целта е спасување на човечки животи – истакна министерот Тошковски.

Според него, во пробниот период на примената на системот од 15 дена во Скопје, граѓаните покажале дека можат да бидат поинакви учесници при уравувањето на возилата.

На Клиниката за трауматологија намален е бројот на пациенти со тешка телесна повреда за 15-20 проценти.

Тошковски уверува дека техничките проблеми детектирани во пробниот период ќе бидат надминати до 1 февруари.

Тој најави дека со подзаконски ќе се утврди дозволеното пречекорување на брзината согласно европските параметри кои се движат од три до десет над дозволеното, како и дека со граѓаните ќе бидат споделени локациите на кои ќе има камери, бидејќи, истакнува, крајната цел да се намали брзината на движење во насока на помалку жртви и повредени во сообраќајки.

– Се ревидираат и знаците. Секаде каде што има камера за констатирање на зголемена брзина задолжително ќе биде ревидиран знакот согласно важечки сообраќаен проект – рече Тошковски.

Видео записите од прекршоците ќе се чуваат во временски период утврден согласно законите во рамки на истражните дејствија, како и дека МВР ќе пушти во употреба апликација на која граѓаните ќе добиваат информации за сторени прекршоци.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation