Двојка бугарски државјани е уапсена во Солун откако оставиле 11-месечно бебе да плаче на балконот, а тие легнале да спијат.
Според полициските информации, вчера, при патрола рано наутро полицијата слушнала плачење на бебе од балкон на еден стан. Бебето било оставено во количка на балконот, додека родителите со другите 3 деца спиеле внатре, со затворена балконска врата.
Против 36-годишниот маж и 35-годишната жена, државјани на Бугарија, е поведена постапка за загрозување на животот и безбедноста на дете. Известени се и социјалните служби кои ќе направат проценка на животните услови за сите нивни деца.
Родителите изјавиле дека го оставиле бебето на балконот за да се разлади.