Две обвиненија против три опасни криминални банди

Lorita
By Lorita 8 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Основното јавно обвинителство сака да ги стави на „брза лента“ претстојните судења против припадниците на трите опасни криминални групи, за кои Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција деновиве поднесе две обвиненија до Кривичниот суд. Шефот на обвинителството Ислам Абази, на денешниот брифинг со медиумите рече дека се работи за исклучително сериозни, структуирани криминални групи кои извршиле повеќе тешки кривични дела, меѓу кои и 7 убиства и дека посакува судењето да се одвива брзо и да има рочишта секој ден.

Првото обвинение е за групата позната како Беланоца и за друга група, за која предметната обвинителка рече дека нема звучно име по кое е препознатлива во јавноста. Припадниците на овие две криминални крупи се обвинети за тешки кривични дела како убиства, злосторничко здружување, изнуда, тешки дела против сигурноста на лужето. Во групата Беланоца со обвинението се опфатени 6 лица, едно лице е починато, а за две лица се води истрага. Во втората се петмина обвинети И двете групи имале по тројца организатори.

Второто обвинение е против бандата на Раде Трајковски Штекли, која се занимавала со неовластена продажба на кокаин и марихуана. Во оваа група покрај Штекли има 10 обвинети лица.

Сите обвинети од трите групи се во притвор или во затвор. Од втората група три лица се во бегство, а кога ќе бидат фатени, и за нив ќе има обвинение.

Обвинителот Абази на брифингот истакна дека по групата од Грчец, која се занимаваше со слични дела, бандата од Жеровјане, која се занимаваше со проституција, сега ОЈО ГОКК пред суд ќе ги изведе и припадниците на овие три групи. Рече дека предметот се работел над една година, со употреба на посебни истражни мерки, заедно со МВР и дел од нивните истражители. Истрагата е почната за делото изнуда, но како што течела истрагата и како што се добивале сознанија од примената на ПИМ-мерките, истрагата се проширила на повеќе луѓе, за разни кривични дела. Доколку продолжела истрагата и ПИМ-мерките, додаде, најверојатно ќе дошле и до други лица и други извршени кривични дела, но одлучиле да подогнат обвинение, затоа што предметот на некој начин е закана и за нив, а продолжената истрага допонително ќе го обремени и онака тешкото обвинение. Целата истрага и преслушувањето на материјалот од ПИМ-мерките е вршена во ЈО ГОКК.

Предметната обвинителка рече дека овие две групи од првото обвинение се први групи кои се опфатени за вакви кривични дела. На службите досега, како што рече, или не им биле јасни некои работи што се случува во државата или немале докази против припадниците. Овие структури, рече таа, се навлезени во секој аспект на нашиот живот, па имаше и отпор и инертност кај дел од институциите. Водачите и организаторите веќе биле во затор, додаде таа, но тоа не им претставувало пречка да организираат и да нарачуваат разни злосторства.

– Имаше многу предизвици со начиите на утврдување на вината и собирањето на тој обем на докази. Тоа беше тешко да се обезбеди. Оваа група се занимава со многу други кривични дела, тие наоѓаа начини да се координираат и од затвор. Тоа е пораз. Не можевме да ги откриеме сите дела што ги извршиле, но ги обвинивме за најтешките дела со запретени казни од 10 години затвор до доживотна робија – рече таа.

Најстарото убиство е од 2014 година, додаде таа. Првата група планирала, организирала и извршила 4 убиства, од разни побуди, меѓу кои и едно двојно, односно, се работи за сторителите на убиствата во „Шиша бар“ и убиството во Ханиоти. Втората група извршила 3 убиства.

Обвинителката објасни дека овие убиства се нарачани, односно, во еден случај нарачетолот пуштил двајца извршители, од кои едниот го извршил убиството. Во друг случај нарачателот испратил четворица извршители, но и тој дошол со нив и тој го извршил убиството. Во третото убиство извршители се четворица, од кои еден е починат, а во убиството во Грција еден е нарачател, двајца се извршители и неколку лица се логистика.

- Advertisement -
Ad image

Втората група извршила 3 убиства, од кои едно е двојно, а нарачетолот ги кооридинирал убијците од затвор. Една жртва при нивните пукања преживеала, раскажа обвинителката и ги препознала убијците. Едно лице ги координирало двете групи, додаде таа, и се планирало убиство на преживеаното лице, за да нема докази.

На прашање за профилот на жртвите на овие банди, обвинителката рече дека сите убиства се извршени од ниски побуди и со различни мотиви. Едно убиство е извршено поради псовка. Друго убиство е извршено затоа што обвинетите верувале дека убиениот предал во полиција двајца од извршителите на масакрот кај Смилковско езеро. Во другата група мотивите за убиство биле безобзирна одмазда за претходен настан, при што случајна жртва е сопатник во возилото. Жртвите, објасни обвинителката, во најголем дел се припадници на спротиставени групи.

Дел од припадниците вршеле палење на објекти, возила и казина. Едно лице од затвор ги нарачувало овие пожари, кои ги извршуваат млади лица за мали пари, додаде обвинителката. По извршените претресите кај еден од организаторите на првото злосторничко здружение е пронајден ТНТ, друг вид експлозив, полуавтоматска пушка сокриена во напуштена куќа итн.

- Advertisement -
Ad image

– Беше пренапорно да се слушаат нивните разговори. Тие зборуваа дека имаат конекции во сите структури и моравме да правиме селекција кое е сериозно од тврдење, а кое е нивно лажно тврдење, за да земат силаедни пред други. Сите индиции за вмешаност на полицајци беа дадени во внатрешна контрола на МВР, сосе доказите од ПИМ-мерките. Ако се утврди реално сомнение, ќе има кривично гонење и за нив. Инаку, немаат особена лојалност овие две групи меѓу себе, прво соработуваат, а после се караат, се тепаат. Првите две групи соработуваат, не ги знаат претходните убиства и сите заеднички придонесуваат за намалување на моќта на групата од Грчец. Има поврзаност и меѓу групата на Штекли и Беланоца. Тие комуницираат, ама не дејствуваат заедно. Леснотијата со која се нарачува убиство, според мене, е јавен интерес и државата ова треба да го знае. Начинот на кој сме биле слепи и сме го толерирале ова – рече обвинителката.

На прашање дали имаат закани откако ги гонат овие криминалци, обвинителите рекоа дека само по себе е ризик постапувањето со вакви криминални групи.

За групата на Штекли, која се занимаваласо продажба на дрога, обвинителката рече дека предметот почнал со 15 лица. Во оваа фаза биле се вклучени спогодби со 7 лица, кои нема да бидат вклучени во понатамошната постапка. Тие, обкасни обвинителката, имаа преземено неколку дејствија за продажба на помали колиини кокаин и се спогодиле со Обвинителството за помали затворки казни. Оваа банда продавала кокаин на територијата на Аеродром, најмногу во едно кафуле, чие име во оваа фаза од постапката обвинителите не сакаа да го откријат.

Share This Article