Кумановското обвинителство почна истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик.
Двајцата разбојници пред четири дена во Куманово нападнале човек и му одзеле 172.000 денари и 37.460 српски динари.
Тие, според она што го соопшти обвинителството забележале дека човекот разменува девизи, па почнале да го следат со намера да му ги земат парите. Кога тој се приближил до неговата семејна куќа го удриле со тупаница по главата, а кога тој паднал онесвестен на земја му ги зеле парите.
Судија на претходна постапка определи мерка притвор во траење од 30 дена за двајцата осомничени.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
