Две лица загинаа во северозападна Шпанија во шумски пожар што се прошири пред да пристигнат пожарникарите, соопштија официјални лица во понеделник.
Премиерот на Каталонија, Салвадор Иља, објави на социјалните мрежи дека две лица загинале синоќа во руралната покраина Љеида, а од областа се гледал голем столб чад.
Пожарот избувнал во средината на топлотниот бран што ја зафати Европа и постави рекордно високи температури за јуни во Шпанија и Португалија.
Властите издадоа предупредувања до жителите преку СМС-пораки и им наредија на околу 14.000 луѓе да останат дома вчера, соопштија пожарникарите.
Вкупно 6.500 хектари шума изгореа пред пожарникарите да прогласат дека пожарот е под контрола.