Background

Двајца луѓе загинаа, а петмина се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на патот Прилеп-Градско

Двајца луѓе загинаа, а петмина се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на патот Прилеп-Градско, соопшти Прилепското обвинителство. Според првичните сознанија, до несреќата дошло при претекнување и судир на автомобили кои се движеле во иста насока. Еден од загинатите е возачот на едната кола која учествувала во несреќата.

МВР претходно јави за вкупно петмина повредени во несреќата, од кои двајца загинале.

„На местото на настанот увид извршил дежурен јавен обвинител, кој издал наредби за прибирање на траги и докази, како и за изработка на сообраќајно и машинско вештачење на возилата. Врз телата на починатите ќе биде извршена обдукција, додека кај преживеаниот возач ќе се испитува евентуално присуство на алкохол или други психоактивни супстанции“, велат од Обвинителството

- Advertisement -
Ad image

Во меѓувреме, доктор Ненад Лазаров на социјалните мрежи сподели информација дека бил сведок на страшната сообраќајна несреќа. Тој вели дека запрел за да им помага на повредените и оти она што го видел не може да се опише со зборови, туку било „повеќе од хорор“. Сите повредени и загинатите, според него, се млади луѓе.

„Пред два часа како случајни минувачи на патот помагавме на тешка сообраќајка по Плетвар кон Кавадарци, двајца загинати и пет души тешко повредени, најстариот околу 40 години. Ве молам и апелирам да возите нормално и внимателно, јас сум лекар 15 години вакво нешто немам видено досега. Не сакам ни да видам, шокантно беше и вечерва да се молиме сите останатите петмина млади да ги преживеат повредите“, пишува докторот на „Фејсбук“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation