Дваесет лица загинале во авионска несреќа во Јужен Судан

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Дваесет лица загинале во авионска несреќа во Јужен Судан. Преживеало само 1 лице. Меѓу загинатите има двајца кинески државјани и еден Индиец, јавија денеска светските агенции.

– Авионот полетал од областа на нафтено поле во северната држава Унити за главниот град Џуба. Се урна веднаш по полетувањето – изјави регионалниот министер за информации Гатвеч Бипал.

Патниците биле работници од „Greater Pioneer Operating Company“, конзорциум кој ги вклучува „Кинеската национална нафтена корпорација“ и државната „Нилска нафтена корпорација“.

Бипал не даде дополнителни детали за околностите што довеле до несреќата.

Во последниве години имаше неколку авионски несреќи во Јужен Судан. Во септември 2018 година 19 лица загинаа кога се урна мал авион на пат од Џуба кон градот Ирол. Во 2015 година десетици патници загинаа кога транспортен авион од руско производство се урна веднаш по полетувањето од главниот град на Јужен Судан.

Share This Article