Два автобуси на српскиот меѓуградски транспорт се судрија рано утринава на патот во близина на Белград

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Два автобуси на српскиот меѓуградски транспорт се судрија рано утринава на патот во близина на Белград, oбјави српски Блиц.

Две лица го загубија животот во сообраќајната несреќа што утрово се случи кај Умка, а според последните информации, 56 луѓе се повредени.

Според неофицијални информации, судирот на двата меѓуградски автобуси се случил околу 6.20 часот на Обреновачкиот пат, меѓу Умка и Остружница.

Второто основно јавно обвинителство во Белград соопшти дека му одредило притвор на возачот на автобусот на „Шевиќ турс“, Г. З., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело – тешко дело против безбедноста на јавниот превоз.

На социјалните мрежи се појавија и снимки од инцидентот.

Share This Article