Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на денешната прес-конференција информира дека за активните мерки од Оперативниот план се поднесени 6.026 апликации и веќе се врши селекција.
Министерот ја презентира и мерката за практиканство во рамки на Оперативниот план, чија цел како што рече е 1.352 лица невработени до 29 години со најмалку заршено средно обраозвание да стекнат практични и работни вештини, знаења и искуство.
Новина кај оваа меркае тоа што 40 лица ќе имаат можност за вируелно практиканство – обука на далечина која е прилагодена на современите услови и работни места што не бараат физичко присуство, за сите вклучени предвидено е месечен надоместок од 12.000 денари со вклучено осигурување и персонален данок во период од 3 месеци.
– Оваа мерка е дел од Оперативниот план со кој рекордни 40 милиони насочени кон над 10.000 граѓани кои сакаат да најдат работа, да отворат сопствен бизнис или да се обучат за конкретна професија преку досегашните јавни повици. За активните мерки се поднесени 6.026 апликации и веќе се врши селекција, до 70.000 евра за започнување соопствен бизнис за лица до 29 години, до 10 000 евра за млади до 29 години со иновативна идеја и до 20 000 евра за заеднички бизнис на најмалку две лица. Ова не се само бројка туку надежи, приказни и идеи, тоа е доказ дека граѓаните не се откажуваат – рече Дурмиши.
Тој додаде дека посебен акцент заслужувала и мерката што се однесува на обука кај познат работодавач за која рече дека и понатаму е една од најуспешните форми на подготовка за вработување и дека е мост меѓу граѓаните што бараат шанса и компаниите што бараат кадар работодавачите добиваат луѓе обучени според нивните потреби.
Дополнително, како што посочи тој, со мерката за субвенционирано вработување се повикуваат микро, мали и средни претпријатија, социјални бизнси и граѓански организации да создадат нови работни места.
Тој рече дека досега има пристигнато околу 1.133 алпликации од компании за над 1.400 невработени и дека овој повик ќе трае до утре.
-Поддршката е 220.000 денари за вработување младо лице до 29 години, 220.000 денари за жени ромки лица со ореченост, долгорочно невработени и корисници на социјална помош и 160.000 денати за лица над 29 години – рече Дурмиши.