„Обвинителството молчи, но народот нема да молчи“ порача денес Демократската унија за интеграција на прес-конференцијата пред Јавното обвинителство во Скопје, предводена од Бесарта Алија, стои во соопштението од ДУИ.
„ДУИ ја потсети јавноста дека поминаа месеци откако градоначалничката на Скопје поднесе кривични пријави против, како што ги нарекуваат, „најкорумпираната двојка во државата“: Изет Меџити и Висар Ганиу. Се работи за стотици дивоградби, фалсификувана документација и манипулации со комуналии, но и покрај илјадниците докази Обвинителството сè уште не презело ниту еден конкретен чекор.
„Кој ја наредил тишината на Обвинителството? Зошто се одложува правдата?“ праша Алија, додавајќи дека во јавноста постои сериозно сомневање за политички пазари: „Дали Изет Меџити е заложник на Христијан Мицкоски? Дали досието за неговиот криминал е средство за уцена, додека Меџити за возврат молчи пред проектот за ‘Српскиот свет’?“. ДУИ оцени дека станува збор за „двојно предавство, предавство кон законот и предавство кон Албанците“. „Албанците не заслужуваат лидер кој ќе го продава нивниот глас за да си ја спаси сопствената кожа од кривични пријави“ изјави Алија. ДУИ упати и остро предупредување: „На 19 октомври, денот на референдумот на Албанците, народот на Чаир ќе пресуди. Правдата може да молчи денес, но тогаш ќе зборува гласно. А зборот на народот е посилен од секоја уцена, досие или таен договор“, велат од партијата.