Background

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски утрово поднел оставка на функцијата, непосредно пред почетокот на собраниската расправа за негово разрешување

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски утрово поднел оставка на функцијата, непосредно пред почетокот на собраниската расправа за негово разрешување.

- Advertisement -
Ad image

Пратениците денеска ќе го разгледуваат предлогот на Владата за разрешување на Коцевски поради, како што се наведува, крупни професионални грешки при раководењето со Јавното обвинителство што доведува до нарушување на ефикасноста и функционалноста, неовластено изнесување на информации и податоци за судски предмети, со што ја повредил обврската за заштита на тајноста на постапката, како и поради нарушување на угледот на Јавното обвинителство и неговиот личен углед во целина, не постапувајќи согласно обврските предвидени во Уставот, законите и меѓународните договори.

Владата ја почна процедурата за разрешување на Коцевски на седницата на 25 февруари, но на 26 март ја стави во мирување, по почнатата истрага по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Советот на јавни обвинители, пак, во април даде негативно мислење на предлогот на Владата за разрешувањето на Коцевски, со образложение дека Владата не понудила докази за она за што го обвинува обвинителот.

На 9 декември Владата повторно го разгледа предлогот за разрешување на Коцевски и заклучи да го достави до Собранието.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation