Државни пари за субвенционирање на придонесите нема, да биде јасно!

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На дело е нов обид за преговори на социјалните партнери, за минималната плата, за потрошувачката кошничка и за платите, во Економско-социјалниот совет.

Синдикатите се со став дека минималната плата и другите плати треба да растат, а бизнисмените бараат владата да субвенционира дел од придонесите, ако веќе се бара повисок износ на минимална плата.

Владата, пак, вели дека ќе го прифати договорот за минималната плата што ќе го постигнат работодавачите и синдикатите, но не прифаќа да субвенционира дел од придонесите, бидејќи тие се обврска на работодавачите.

Синдикатите бараат Владата да помогне за придонесите

Пред почетокот на денешната седница на Економско-социјалниот совет, претседателот на Сојузот на синдикатите, Слободан Трендафилов, беше разочаран што на дневен ред не е точката за зголемување на платите, туку минималната потрошувачка кошничка.

-Изгледа ќе не убедуваат дека добро се живее во Македонија и дека нема потреба од зголемување на платите. Целото претседателство дојде тука, за да дискутираме и да побараме прва точка на дневен ред да биде растот на платите во приватниот и во јавниот сектор. Колку ни е добро, граѓаните покажаа со петочниот бојкот на трговијата. Граѓаните бојкотираа бидејќи им е скап животот и не може да се прехранат. Или, во практика, секој ден двајца јадат, а двајца гледаат –рече Трендафилов.

Тој категорично вели дека две минимални плати треба да ја покриваат синдикалната минимална кошничка.

– Ако работодавачите имаат желба да се зголемуваат платите на сите во приватниот сектор, треба да најдеме начин и решение со кое Владата ќе го помогне процесот и ќе субвенционира дел од придонесите. Така ќе се елиминира сивата економија во делот на платата во плико, која ја чини касата приближно 250 милиони евра – рече  Трендафилов.

Конфедерацијата на слободните синдикати е за субвенционирање само на минималните плати

Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати, Благоја Ралповски, е убеден дека ќе се расправа и за висината на минималната плата, за што и тиеќе дадат свои предлози како да се овозможи  повисок раст на минималната плата.

– Ние ќе дадеме свои идеи за зголемување на минималната плата повеќе од она што е предвидено според законот. Предлагаме владата да субвенционира дел од платите на оние 20.000 луѓе кои земаат минимална плата, но ќе видиме што ќе се предложи – вели Ралповски.

Не е проблем само минималецот, туку и урамниловката

Претставниците на работниците не отстапуваат од барањата за минималец 450 евра. Дел од стопанските комори понудија минимална плата од 500 евра, но само ако државата го покрие зголемувањето на придонесите за пензиско и инвалидско осигурување.  Коморџиите сметаат дека не е проблем да се исплати повисок минималец, туку усогласувањето на останатите плати во повисоките сектори во компаниите – затоа во моментов нема пари за толкав раст колкав што бараат синдикатите.

- Advertisement -
Ad image

Според претседателот на Конфедерацијата на работодавачи, Миле Бошков, најголем проблем со зголемувањето на  минималната плата имаат занаетчиите, микро и малите компании, кои не можат да го поднесат зголемувањето.

– Нашиот предлог е за покачувањето на минималната плата од 1.000 до 9.000 денари, придонесите да ги покрие владата. Со други зборови, тоа е разликата од 24.800 денари колку што е законското зголемување на минималната плата во март, до 34.000 денари – за тоа треба да има субвенции за социјалните придонеси во период од една година – вели Бошков.

Имам најниски придонеси во регионот, работодавачите мора да ги плаќаат

Властите велат дека работодавачите мора да ги плаќаат обврските кон државата. Премиерот Христијан Мицкоски укажа на тоа дека методологијата за пресметка на потрошувачката кошничка  била манипулација на поранешни функционери на СДСМ, бидејќи во неа има цени од неколку маркети кои во јавноста се познати како ексклузивни, без да биде пресметана просечната цена.

- Advertisement -
Ad image

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска деновиве изјави дека имаме најниски придонеси во регионот и побара работодавачите да ги плаќаат придонесите.

Share This Article