Детето и мајката, жители на Мојале во близина на кениската граница, се во изолација и нивната состојба е стабилна, се вели во соопштението.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на изворот на заразната болест. Експертите од Етиопскиот институт за јавно здравје се сомневаат дека таткото на детето, кој неодамна патувал во странство, го заразил вирусот. Здравствените службеници велат дека работат на контактирање со други луѓе кои можеби биле изложени на вирусот, пишува „Репортер“.
Повеќето случаи на мајмунски сипаници се пријавени во централна и западна Африка, а ова е прв случај во Етиопија. Симптоми на MPOX инфекција се осип, кашлица, треска, главоболка, замор и болки во грбот, објавува Dnevnik.hr.
Во четврток, Африканските центри за контрола и превенција на болести (CDC) објавија дека 25 африкански земји погодени од вирусот MPOX пријавиле повеќе од 130.000 случаи од почетокот на минатата година. Потврдени се 31.745 заразени и 1.774 смртни случаи поврзани со вирусот.
MPOX, или мајмунски сипаници, за прв пат е откриен кај лабораториски мајмуни во 1958 година.