Дронови летале за време на онлајн самит на БРИКС

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Украински дронови напаѓале во рој врз вилата на рускиот претседател во црноморскиот град Сочи, ноќта откако претседателот се вклучил на онлајн-самит на БРИКС, пишува Еј-Би-Си Њуз. Сепак, не е јасно дали претседателот Владимир Путин во Сочи за време на нападот, бидејќи Путин ретко ја посетува оваа локација откако трае војната во Украина.

Според наводите на гувернерот на Сочи освен штети во нападот во вторникот наутро, 9 септември, е убиен еден човек.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека биле соборени најмалку 31 дрон, дел од нив над Црното Море, неколку над Крим и други над Краснодарскиот крај, каде се наоѓа и Сочи. Во исто време, Росавијација накратко го затворила аеродромот во градот.

Гувернерот на Сочи, Андреј Прошунин, сподели фотографии од погодените куќи, велејќи дека станува збор за „делумни, но значајни оштетувања“, а дека жителите биле евакуирани.

 

Во написот се вели дека нападот се случил во раните утрински часови и предизвикал сериозни последици – животот го загубил еден маж откако парче од соборен дрон удрило во неговото возило, а биле оштетени 6 домови.

Прозорци, фасади, па дури и делови од кровови биле погодени. Гувернерот на Краснодарската област Венјамин Кондратиев објави дека фрагментите од дроновите направиле вистинска штета и дека локалните служби веднаш интервенирале.

Според независниот руски медиум „Агентство“, претседателскиот авион Иљушин „Il‑96‑300PU“, со кој Путин требал да патува, останал заглавен на пистата поради нападот. Иако Кремљ не ја потврди оваа информација, деталот внесе дополнителна драма во написите во медиумите.

Путин активно ја користеше вилата во Сочи пред војната. Објектот му беше засолниште во време на кризата со вирусот ковид-19. Претходно, во 2008 година, таму тој го нагости тогашниот американски претседател Џорџ Буш Помладиот.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article